Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО донесоа во четвртокот план за дејствување за евентуален втор бран на пандемијата на новиот коронавирус, како и насоки за јакнњење на подготвеноста во случаи на нови криз во сферте од енергетиката до безбедноста на синџирите за снабдување.
На виодеконференцијата посветена на подготовката за потенцијалниот втор бран од пандемијата на коронавирусо, како и поддршката за сојузнуците и партнерите во НАТО во одговорот на оваа криза, донесена е одлука за оперативен план на Алијансата, кој меѓу другото предвидува и создавањет резерви од медицинска опрема и наменски фодови кои би можеле да се користат за итни набавки на неопходната опрема.
Во продолжението на дводневната седница започната во средата, исто така, министрите одобрија и ажурирање на насоките на НАТО за национална отпорност кои ги покриваат подрачјата како што се енергетиката, транспортот и телекомуникациите, а се рефлектираат на закоаните коишто доаѓаат од кибернетичката област, на прашањата на безбедноста на снабдувачките синџири и сопственоста и контролата.
Овој документ треба да овозможи подобра подготвеност во случаи на нови кризи, но и побрзо закрепнување кога кризите веќе ќе се случат.
На состанокот преку телеконференциска врска покрај министрите и функционерите на НАТО учестуваа и високиот претставнија за надворешна и безбедносна политика на Евроспката унија, Жозеп Борел, како министрите за одбрана на Австралија, Финска и Шведска.
На почетокот од седницата генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, го претставил вкупниот извештај за болеста Covid-19, кој послужил како основа за дискусиите. Во извештајот е истакнато што сѐ сторила Алијансата во одоговорот на пандемијата, кко и улогата којашто во споменатите активности ги имале вооружените сили на земјите во поддршката на цивилните институции.
Било дискутирано и за геополитичките промени предизвикани со кризата, влијанието на пандемијата врз операциите на НАТО и мисиите, како и во напорите на Алијансата во справувањето со дезинформациите и пропагандата.