Скопје и Тетово се најголемите жаришта на ширење на коронавирузот во земјава, а заразени има од сите возразни крупи, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
– Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје во вкупниот број на новите случаи на заразени со ковид-19 , 58 отсто се од Скопје и 12 отсто од Тетово што укажува дека овие два града се наголемите жаришта во земјава -рече Филипче.
Тој рече дека од 12 јули регистрирани се заболени од сите возрасни групи. Што укажува дека никој не е поштетеден.
-Имаме и заболени од 30 до 39 години. Од 12-ти јуни наваму се регистрирани дури 69 смртни случаи најмногу кај постарите од 60 години кои најчесто имале и хронични заболувања – рече Филипче..
Тој информира дека истакна дека досега се хоспитализирани 379 пациенти заразени од ковид 19.