Дневниот број на заразените со новиот коронавирус во Франција падна под стотина во средата, првпат по 4-ти март, а бројот на починатите како последица од Covid-19, исто така, е во пад.
Според податоците на француското министерство за здравство, во средата е потврден 81 нов случај на заразата, додека во вторникот беа регистрирани 517 случаи, а дневниот просек минатата седмица изнесуваше 453 заразени. Франција од почетокот на епидемијата регистрираше вкупно 161.348 заразени.
Бројот на починатите од коронавирусот во последното деноноќие се зголеми за 11, на вкупно 29.731 лица, во споредна со 57 починати ден претходно, кога беа вклучени и податоците од домовите за стари лица на седмично ниво. Франција го има петтиот највисокиот број починати од Covid-19 во светот.
Во Франција строгите карантински мерки беа на сила од 17-ти март до 11-ти мај. Повеќето ученици се вратија во понеделникот во училишните клупи, по укинување на рекстрикциите, иако веќе за две седмици започнуваат летните распусти во Франција.
Од понеделникот се отворени и кино-театрите, музеите од вторникот, а париската знаменитост Ајфеловата кула ќе биде отворена во четврток.
Франција минатата седмица целесно ги отвори границите за државјаните на повеќето земји во ЕУ, но рестрикциите за патувањата во земјите кои не се во ЕУ, како и ограничувањата за патниците надвор од ЕУ остануваат на сила до крајот на јуни.