Дали Филипче се налути затоа што Зибери, несакајќи, откри ако функционира Комисијата за заразни болести, факт кој подолго време е јавна тајна. Функционира на дугме“ или по директиви на Владата на Спасовски.
Откако пред неколку денови директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери истакна дека тој како член на Комисијата за заразни болести помогнал да се отворат границите за да дојдат иселениците да гласаат за Албанец премиер, реагираше министерот за здравство Венко Филипче кој најави негова смена од директорската позиција, додека пак по ваквата изјава, Зибери за „Фокус“ му порача на министерот да престане да ја злоупотребува владината говорница.
„Министерот Филипче да престане да ја злоупотребува владината говорница за изборни препукувања. Јас сум кандидат за пратеник и имам право на мојот приватен фејсбук профил да имам и политички ставови, при тоа во ниту еден момент злоупотребувајќи ја институцијата која ја водам како што за жал прави министерот – вели директорот на ЦЈЗ за „Фокус“
Тој е втор на листата на кандидати за пратеници на ДУИ во првата изборна единица и роднина на Насер Зибери, кандидатот на ДУИ за премиер. Тој на Фејсбук напиша и дека укинувањето на тестирањето и 14-дневната изолација за иселениците е направено благодарение на придонесот на ДУИ во здравствените политики на владата.
„Добредојдовте иселеници. Родното место ве чека. Сега можете да си дојдете дома без тестови и 14-дневна изолација, благодарение на нашиот придонес во здравствените политики на владата. Јас како член на Комисијата за заразни болести и другите членови помогнавме да се отворат границите и луѓето да се движат слободно без протоколите препорачани од СЗО. Зошто да не, дојдете дома за Албанец премиер“, напиша Зибери.