Политичките партии и коалициите кои ќе учествуваат на предвремните парламентрани избори на 15 јули, продолжуваат со предизборните партиските активности терен.
На четвртиот ден од 20-дневната изборна кампања, караванот на Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ ќе ја посети скопската општина Центар и Кичево.
Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „За обнова на Македонија“ пак, изборните активности ќе ги претстави пред граѓани во Чешиново-Облешево, Зрновци, Виница и Кочани.
Кандидатот на ДУИ за премиер Насер Зибери, денеска заедно со кандидатите за пратеници ќе го посети Гостивар, а предизборниот караван на политичката платформа Македонски концепт ќе биде присутен во Прилеп, Гевгелија и Струмица.