Вулверхемптон го продолжи „ловот“ на Челзи

Фудбалерите на Вулверхемптон славеа со 1:0 на гостувањето кај Астон Вила во првиот натпревар од 32-то коло на англиското првенство.

Стрелец на единствениот погодок беше белгискиот играч од средниот ред Леанде Дендонкер, кој во 62 минута ја затресе домашната мрежа со прецизен удар од работ на шеснаесетникот.

Вулверхемптон ја продолжи серијата без пораз на осум последователни натпревари, последен пат беше поразен на 23-ти јануари со 1:2 на гостувањето кај новиот шампион Ливерпул. Исто толк, осум натпревари со ред, Астон Вила, пак, не успеа да победи. Последниот триумф го впиша на 21-ви јануари на домашен терен против Вотфорд со 2:1.

Благодарејќи на оваа победа Вулверхемптон со 52 бода моментлано е на петтото место на табелата, само два бода помалку од позицијата којашто води во Лигата на шампионите, а ја држи четвртопласираниот Челзи со меч помалку.

Астон Вила, пак, сѐ повеќе ги губи шансите за опстанок во Премиер лигата. И натаму е претпоследна 19-та со 27 бодови. Борнмут, Вест Хем имаат имаат ист број бодови а Вотфорд е со бод повеќе на 16-то место, но сите овие екипи имаат меч помалку, како и фенерџијата Норич кој собра досега само 21 бод.

Во саботата на програмата е уште еден натпревар, во 17,30 часови почнува дуелот меѓу Вотфорд и Саутемптон.