-1.2 C
Skopje
сабота, декември 14, 2024

Мисајловски: За 500-те најдобри студенти од државните универзитет вработувања во државните институции

Денеска сум тука во Бутел каде што имам повеќе средби со повеќе граѓаните. Сега ќе имам средби и со младите од Бутел кои навистина сакаат да останат тука и да живеат во Република Македонија, ова денеска преку прес-конференција го истакна носителот на Изборната единица 2 Владо Мисајловски.

-Ние ќе ги промовираме сите мерки што ги имаме за младите, затоа ќе се собереме еден по еден проект да оствариме. Она што ние го ветуваме во нашиот проект Обнова за Македонија. Таму секој од младите може да се пронајде, како младите да останат во Македонија, како да останат да учат на најдобрите универзитети  и навистина оние најквалитетните луѓе да го добијат заслуженото место тука во институциите во Македонија Но, имам одлични средби и со жените во општина Бутел кои пред се апелираат за безбедноста на своите деца, внучиња овде во Бутел. Значи безбедноста овде ви Бутел мора да биде на повисоко ниво, тоа е едно од најважните прашања што го задира секој еден граѓанин, а посебно мајките, бабите и сите овие жени кои што сакаат нивните деца да останат тука, додава Мисајловски.

Тој додава дека исто така една од најгорливите прашања е инфраструктурата. Во Бутел има недоволно инфраструктурни проекти. Младите немаат доволно простор каде да се собираат, тие исто така бараат повеќе инфраструктурни катчиња.

-Исто така и сите граѓани бараат што побрзо да се започне со обновата на Македонија, но не само во инфраструктурата, туку и  во здравството тука во Бутел, во културата и насекаде во изборната единица 2. Затоа ги повикувам граѓаните да ни се придружат на овие средби, да дојдат да ја слушнат нашата програма и се разбира заеднички да победиме и да започне обновата на Македонија, додава Мисајловски.