На скопскиот кеј изгоре владин автомобил

На улица „Димитар Влахов“ утрово настанал пожар, при што опожарено било едно патничко возило „ауди 4“ во сопственост на Владата на Република Македонија.

-Утрово во 02:30 часот во СВР – Скопје било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Кеј Димитар Влахов“, настанал пожар, при што била опожарена сува трева и заден дел на паркирано патничко возило „ауди 4“, без регистарски ознаки, сопственост на Владата на Република Македонија, соопштуваат од МВР.

Оттаму информираат дека пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Скопје.