
Речиси тон хероин е запленет, а 14 лица се уапсени во близина на Атина.
Ова е второ запленување дрога во изминатите седум дена.
Според првичните информации, 986,5 килограми хероин се донесени со танкер во Грција и пронајдени во складиште во поморското место Коропи на околу 40 километри од Атина.
Меѓу уапсените најголем број се членови на екипаж од танкерот – 10 се странци и директорот на грчка компанија кој е сопственик на бродот како и тројца други вмешани во аферата.