Пилотот на малезискиот авион кој мистериозно исчезна на 8 – ми март годинава е главниот осомничен.
Педесет и тригодишниот Захарие Ахмад Шах за разлика од останатите членови на екипажот не направил никакви идни професионални или социјални планови.
Полицијата открила дека Шах имал симулатор на летање на кој вежбал лет над Индискиот океан и слетување на остров.
Властите не ја исклучуваат можноста причина за исчезнувањето на авионот да била механичка неисправност.
Доколку „Боингот 777“ исчезнал под влијание на човечко делување, истражувачите сметаат дека виновен за тоа е токму овој пилот.
Пилотот чиј симулатор на летање е избришан од неговиот компјутер, исто така креирал и авијациски снимки и ги објавувал на Интернет.
Полицијата исто така наведува дека Шах имал брачни проблеми, но неговото семејство го негирало овој податок.
Неговите пријатели и семејството ги отфрлаат обвиненијата и тврдат дека вистината ќе излезе на виделина кога ќе биде пронајдена црната кутија.
Истрагата по малезискиот авион се уште е во тек.