Совети како вашите орхидеи да процветаат

Во светот постојат повеќе од 30.000 видови орхидеи и скоро 7 пати повеќе хибриди, а без разлика кој вид од оваа егзотична билка е во прашање, сигурно е дека ќе му овозможи голема доза префинетост на просторот во кој се наоѓа. Па, ако сакате вашите орхидеи да бидат незаборавни, овие мали тајни ќе ви бидат од голема корист.

1-orhidei-6-pravila-so-koi-chuvstvitelnite-ubavici-konechno-kje-procvetaat-www.kafepauza.mk_

1. Ако планирате да купите орхидеја, тогаш изберете ја онаа што веќе има цветови. Без посебна причина, едноставно за да уживате во нејзината убавина.

2. Пред да се одлучите да купите орхидеја, уверете се дека ги имате сите потребни услови за неа. На разни видови им одговараат различни температури, па ако на пример, вашиот дом е доста тежок за згревање во текот на зимата, заборавете на тие видови кои бараат скоро тропски услови. Орхидеите ја сакаат светлината, но не и директната изложеност на сонце, па водете сметка и за тоа колку светлина воопшто имате во вашиот дом и како ви се ориентирани прозорците. Најдобро ќе успеат на јужно и источно ориентирани прозорци.

3. Колку треба да се наводнуваат зависи од нивниот вид, но најчесто може да се поделат на 2 категории – оние на кои не им е потребно многу влага и на кои им е важно земјата да не им биде премногу влажна, и оние кои треба постојано да се наводнуваат и да се одржува големо ниво на влажност додека се во сезоната на растење, а во сезоната на мирување помеѓу двете наводнувања е потребно да чекате водата потполно да се исуши.

2-orhidei-6-pravila-so-koi-chuvstvitelnite-ubavici-konechno-kje-procvetaat-www.kafepauza.mk_

4. Орхидејата треба да биде пресадена во супстрат што брзо ја пропушта водата, но сепак ја задржува. Орхидеите исто така треба редовно да се пресадуваат, а кога ќе го правите тоа, секогаш користете свежи супстрати.

5. Пожелно е орхидејата да ја дохранувате отприлика два пати месечно. Ако не водите сметка за дохранувањето, подобро е да не го правите тоа воопшто, отколку да претерате.

6. Кога еднаш ќе процветаат, цветовите може да се задржат и неколку месеци, иако постојат видови кои ги губат за само неколку дена. Кога билката ќе ги исфрли цветовите, можете да очекувате дека повторно ќе процвета неколкупати или барем уште еднаш во текот на таа година. Доколку не доаѓа до тоа, можеби на вашата орхидеја ѝ недостасува светлина.

3-orhidei-6-pravila-so-koi-chuvstvitelnite-ubavici-konechno-kje-procvetaat-www.kafepauza.mk_