Во Босна и Херцеговина во средата потврдени се 244 нови случаи на заразата со коронавирусот, со што оваа земја се приближи до рекордниот број новозаразени на дневно ниво забележан во неделата, кога имаше дури 289 заразени.
Како што известија ентитетските заводи за јавно здравство, во изминатите 24 часа тестирани се малку над 1.500 примероци, а заразата е потврдена кај 123 лица во Федерацијата БиХ и уште кај 121 лице од Република Српска. Пријавен е и еден нов смртен случај поврзан со заразата.
Поединечно најголем број на нови случаи има во Сараево, каде што се регистрирани 45 новозаразени, па следи Бијељина со 25 слуичаи и Бања Лука со 16 новозаразени.
Според збирните податоци вкупниот број заразени со коронавирусот во БиХ од почетокот на епидемијата сега е близу 5.900, со 208 смртни исходи поврзани со болеста Covid-19.
Властите во Федерацијата БиХ засега не најавуваат воведување на дополнителни рестрективни мерки, но постојано го повикуваат населението на строго придржување на веќе пропишаните, а знаата задолжително носење заштитни маски, одржување физичка дистанца и забрана за собирње во групи поголеми од 50 лица.
Премиерот на ентитетот Република Српска во средата потврди дека таму нема да има воведување дополнителни рестриктивни мерки, но дека посторго ќе се следи почитување на постојните мерки со поригорзно казнување на лицата кои не ги почитуваат.