Партиските коалиции уште три дена имаат можност да ги придобијат граѓаните да гласаат за нивните опции.
Денеска караванот на коалицијата „Можеме“ ќе ги посети општините Битола и Карпош. Оваа коалиција во Скопје ќе го промовира целосно инклузивното програмско видео на политичка платформа за сите лица со попреченост.
Коалицијата „Обнова на Македонија“ денеска е во Пехчево, Берово и Делчево.
– Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе ги посети општините Македонска Каменица,, Пехчево, Берово и Делчево.
– Носителката на листата во ИЕ 1, Гордана Силјаноска Давкова ќе оствари средба со здравствените работници.
– Носителот на ИЕ 3, Игор Јанушев ќе даде изјава за медиуми во општина Зелениково, а ќе оствари средба со жителите на Македонска Каменица на Пехчево, Берово и на Делчево.
Кандидатот за прв премиер албанец Насер Зибери на плоштадот Скендербег ќе оствари средба со
лекарите и здравствените работници со цел презентирање на програмата во областа на здравството.
Левица во Скопје ќе одржи прес-конференција на која ќе ги изнесе причините за поднесување кривична пријава против поранешниот претседател на Уставниот суд Никола Ивановски.
Во Штип пак прес-конференција ќе има Граѓанско демократската унија на тема фискална децентрализација.