Сончево со мала до умерена облачност

Времето во Македонија во саботата ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за појава на изолирана нестабилност со појава на пороен дожд и ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 29 до 36 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура се движи до 16, а дневната ќе достигне 33 степени

За време на викендот ќе преовладува сончево време и претежно во планинските региони попладне ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Од недела претпладне и во понеделник преку денот ќе дува засилен северен ветер и тогаш температурите повторно ќе бидат пониски (за 3 до 5 степени). Потоа следува период на постабилно време со постепен пораст на температурата