Хамилтон на првата стартна позиција за ГН на Штаерска

(Leonhard Foeger/Pool via AP)

Актуелниот светски првак во гласата Формула 1, Британецот Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес, ја освои првата стартна позиција за неделната трка за Големата награда на Штаерска која ќе се вози на патеката „Ред Бул Ринг“ во австриски Шспиелберг, откко во саботните квалификации во тешки временски услови и на мократа патека возеше надмоќно.

Во сите три квалификациски рунди Хамилтон имаше најдобри времиња, а во завршниот круг од квалификациите ги остави зад себе конкурентите за повеќе од 1,2 секунди. Второто име го имаше Холанѓанецот Макс Верстапен од тимот на Ред Бул, а од вториот ред ќе стартуваат Шпанецот Калрос Саинц од Мекларен и Финецот Валтери Ботас во болидот на Мерцедес.

Возачите на Ферари имаа лош ден. Германецот Себастијан Фетел ги заврши квалификациите на 10-то место, а Шарл Леклер од Монато ниту учлествуваше во последната квалификациска рунда со 11-то време.

Големо разочарување доживеаја возалите на Рејсинг Поинт. Мексиканецот Серхио Перез, кој имаше најбрзо време на првиот слободен тренинг во петокот, испадна уште по првата квалификациска рунда, а Канаѓанецот Ленс Строл го заврши настапо во втората рунда со 13-то време на квалификациите.

Втората трка од новата сезона на Светсткото првенство во калсата Формула 1 на распоредот е во недела, ао почето во 15,10 часот.