Доколку утре се одржат парламентарни избори за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 34 отсто од испитаните граѓани што е за четири отсто повеќе од последното истражување. За разлика од нив, за СДСМ би гласале 10 отсто од граѓаните и има пад од два отсто.
Премиерот Никола Груевски ужива најголема доверба кај граѓаните 25 отсто.Најмала довреба граѓаните имаат во Зоран Заев три отсто, Бранко Црвенковски два отсто и Радмила Шеќеринска еден отсто.
Најголем дел од испитаниците сметаат дека невладините организации се неслободни. Ова мислење го имаат високи 55 отсто од граѓаните.
Невработеноста, останува како најголем проблем што го истакнуваат испитаниците 45 отсто. Како други проблеми се истакнуваат стандардот 13 отсто, името 7 отсто, eкономски напредок 8 отсто, ниски плати 5 отсто.
Ова го покажуваат информациите на угледниот институт ИРИ, до кои дојдовме неофицијално. Истражувањето на ИРИ- направено е на 23 мај до 29 мај 2014 година врз репрезентативен примерок од 1 101 испитаници.
Рејтинг на партии доколку утре се одржат парламентарни избори:
ВМРО-ДПМНЕ -34%, има раст за плус 4%
СДСМ -10 %, пад за 2%
ДУИ -14%, раст за 1%
ДПА -4 %
Гром -1%
Не се одлучиле/незнам немам одговор- 13% од претходно 18%
2. Во кој политичар имате најголема доверба?
Никола Груевски 25%
Али Ахмети 9%
Ѓорге Иванов 5%
Стево Пендаровски 4%
Мендух Тачи 3 %
Зоран Заев 3%
Руфи Османи 2 %
Бранко Црвенковски2%
Радмила Шекеринска 1%
3. Дали невладините организации се слободни
55% не
27% да
18% не знам
4. Кој е најголем проблем?
Невработеност 45%
Стандардот 13%
Името 7%
Еконоски напредок 8%
Ниски плати 5%