Македонија е дел од земјите кои се приклучија во глобалната набавка на вакцини за Ковид 19. Владата донесе одлука со која ресорното министерство ќе треба да се приклучи кон „ковакс “ механизмот за набавка на рамноправен пристап до безбедни и ефикасни вакцини. Вакцината ќе биде од фармацевстката куќа АстраЗенеца“ на која работи Универзитетот Оксфорд. Таа е прва компанија која го потпиша механизмот Ковакс. Се работи за една од неколкуте вакцини кои се во фаза на клиничка евалуација. Токму од овој универзитет тест вакцина прими македонецот Борко Андреевски кој живее во Англија. Своето искуство го сподели во изјава за Сител . По три месеци откако ја прими вакцината, Борко немал несакани последици.
„Нема никакви промени во секојдневието или по здравјето. Се чувствувам добро и сигурно знаејќи дека вирусот не може да ме зарази и со тоа јас никој не можам да заразам. Тоа е добро чувство. Имаше три земања на крв и тестирања и уште едно ќе следи во ноември. На 6 месеци но тоа е за нас бидејќи не тестираа. За сите останати не би требало да има тестови, само вакцината“, вели Борко Андреевски во писмена изјава за Сител.
Вакцината се очекува да биде официјализирана кон крајот на 2020 година. „AstraZeneca потпиша лиценциран договор за набавување на 1 милијарда дози од вакцината за ниско и средно богатите земји, со услов да обезбеди 400 милиони дози пред крајот на 2020 година.