
Граѓаните по десети пат гласаа за нов парламентаен состав. Во вонредни околности, со протоколи кои наложуваат задолжителна заштита и на гласачите и на членовите на избирачките одбори се одржаа денешните избори. Подобар живот, повисоки приходи се очекувањата на грѓаните од новата влада.
Предвремените парламентарни избори во третата изборна единица се одвиваа во фер и демократска атмосфера.
Во Кочани се регистрирани шест евентуални нерегуларности. Пријавите се однесуваат на наводен изборен поткуп и за агитирање со организирано носење гласачи до избирачките места. Основното јавно обвинителство постапува по нив.
До 19часот излезноста во 3 изборна единица е 51,66%. Најголема излезност има во Пробиштип 61,04, а најмала во Зрновци 45,67.