Државното обвинителство во Берлин покрена во средата истрага против пратеничка на евроскептична и антидоселеничка десна партија Алтернатива за Германија (AfD), Беатрикс фон Шторх поради повреда на законот за јавни собири.
„Против политичкарката на AfD покрената е постапка поради повреде на законот за јавно собирање“, соопшти полицијата во средата. Истрагата ја преземало Бирото за заштита на уставниот поредок.
Фон Шторх заедно со припадниците на младината на AfD споменикот на Карл Марск во Берлин го прекри со црна фолија протестирајќи така во екот на глобалните протести против расизмот во кои се уриваат или отстрануваат склуптури на политичари и историски личности за кои демонстрантите ќе сметаат дека се поврзани со расистичкото и колонијално минато на нивните земји на Западот.
„Карл Маркс подготвувал терен за насилни револуции и комунистичка диктатура, а згора на тоа бил и расист, антисемит и ја презирал парламентарната демократија“, изјави фон Шторх во својата реакција на покренувањето на истрагата.
„Тоа што критиките на Карл Маркс се доживува како загрозување на државниот поредок го покажува растечкото влијание на партиите наследнички на SED (државната Социјалистичка партија на некогашната комунистичка ГДР – Источна Германија – з.р.) и лево екстремните групи врз политиката и државните институции“, изјави фон Шторх.
Политичарката Сенатот на градот-сојузна покраина Берлин, каде што е на власт коалицијата на Социјалдемократската партија на Германија (SPD), партиите Левица и Зелени, го обвини дека „со сите расположливи средства“ сакаат да ја задушат расправата за расизмот и антисемитизмот на Карл Маркс.
Во моментов во Германија се води дискусија за преименувањето на некои улици кои имаат, според некои оцени, „негативна историска конотација“, бидејќи се поврзани со лица од колонијалната ера.
Карл Маркс, кој инаку потекнува од влијателно еврејско семејство, како дете се преобратил во протестантската вера, а зад себе во големиот опус оставил и неколку писмени документи кои содржат антисемитски и расистички елементи.