Една од омилените тинејџерски ѕвезди од 90-тите години, Бритни Спирс, минатата година откри дека била хоспитализирана против нејзина волја и дека била присилена да зема лекови од кои и било лошо.
Пејачката ја шокираше јавноста со својата изјава, а целата приказна ја потврди нејзината мајка Лин Спирс, која вели дека Бритни веќе 13 години е под целосна контрола на нејзиниот татко.
Според многу обожаватели, Бритни е жртва на група луѓе, во која спаѓаат нејзините менаџери, издавачката куќа и семејство, и сето тоа трае од нејзиното детство.
Во 2007 година, пејачката не можеше да го издржи притисокот, а потоа се случи нејзиниот познат нервен слом, а фотографиите на кои таа ја бричи главата се раширија низ целиот свет.
Откако била хоспитализирана, Џејми Спирс, нејзиниот татко побарал постојано старателство над нејзината ќерка. Тој успеал во тоа и добил старателство врз основа на нејзината неспособност да донесува сопствени одлуки и рана деменција.
https://www.instagram.com/tv/CCpAKr0A25W/?utm_source=ig_embed
Од 2008 година, сите нејзини недвижнини, пари и големи животни одлуки се ставени под контрола на нејзиниот татко и адвокат Ендру Валет. Бритни нема свои пари, но добива неделен џепарлак.
Не смее сама да вози автомобил, да се ожени, да гласа и сл. Бритни дури и на суд кажа дека сака дете со своето момче Сем, но дека нејзиниот татко и го забранил тоа, па сега нејзините фанови се повеќе се решени да и ’помогнат. Тие го започнаа движењето #FreeBritney на социјалните мрежи за да ја ослободат од контролата на нејзиниот татко за повторно да има нормален живот и ненарушени лични права.
https://www.instagram.com/p/CCpC4XaAxtU/?utm_source=ig_embed