
Бројот на жртви и на заболени од коронавирусот ќе се зголемува и ќе има рапиден скок почнувајќи од септември доколку продолжи oлабаувањето на рерстриктивните мерки и ќе достигне до 1.800 починати пацинети.
Ова е едно од трите сценарија кое го подготвија експерите од Институтот за здравствени мерења и проценки од Универзитетот Вашингтон во Сиетл кое е објавено пред четири дена.
Истражувањето се темели исклучиво на досегашните бројки и рестриктивните мерки кои се на сила а трите сценарија се проекции доколку продолжи олеснувањето, доколку останат на сила сегашните мерки и доколку повторно се воведат некои од рестриктивните мерки кои беа на сила.
Според сценариото кое се предвидува со тековните мерки и предвидува зартегнување дури од 1 септември кога бројката на жртви ќе достигне 8 на еден милион заклучно со први ноември во македонија ќе има 1.629 жртви.
Најцрното сценарио е дека на 1 ноември официјалната бројка на починати ќе биде 1.805 лица но само доколку продолжи олеснувањето на мерките и се укинат сите рестрикции како што се дистанцата, заштитните маски и групирањето.
Според третото сценарио на американските експерти, со повторно воведување на дел од рестрикциите и воведување на задолжитечлно носење на маски на отворено бројките рапидно паѓаат а црниот биланс е речиси тројно помал – до 1 ноември би имале 752 жртви.
Во најлошото сценарио односно укинување на сите мерки, бројката на смртни случаи дневно ќе почне да се зголемува од 1 септември и веќе во октомври би била 14 луѓе додека во ноември би била над 30.
Со воведување на дел од мерките и пред се заштитни маски на јавен простор, бројките пааѓаат и од 6 жртви на ден во август се намалуваат на 3 во ноември.
Бројката на заболени, во зависност од сценариото варира од 700 до девет илјади.
Клучно е притисокот врз здравствениот систем, болниците и персоналот, според оваа анализа и во зависност од сценариото ќе го достигне врвот во втората половина на октомври кога ќе има недостаток од кревети но и респираторни машини поради големиот број на тешки случаи.