Во Струмица два дена по ред се одржуваат забави со голем број на лица и покрај забраната за работа на ноќните клубови.
Забавите се со музика во живо, а настапуваат популарни артисти од земјава.
Пазарниот инспекторат во петокот направил контрола и веќе поднел кривична пријава за клубот „Аватар“ потврдуваат оттаму за „А1он“.
Но, и покрај тоа, клубот не престанал со работа туку одржал и втора забава со друг пејач.