Еден убиен и осум ранети во пукање во Вашингтон

Едно лице е убиени а уште најмалку осум други, од кои седум се мажи и една жена, се ранети во пукање во неделата во Вашингтон, пренесуваат локалните медиуми повикувајќи се на тамошната полиција.

„Имаме потврда за девет лица кои биле пренесени во болници. Сѐ уште ја чекаме потврдата за точниот број лица кои се здобиле со рани од огнено оружје. Според сѐ судејќи, едно лице од настраданите починало“, соопштила вашингтонската полиција.

Според соопштенијата, сите настрадани се возрасни лица. Засега не се познати мотивите, ниту се јасни околносите на инцидентот.

Според локалната станица WUSA9, четворица од поврадените се во критична состојба, додека другите четири лица се надвор од животна опасност, но нема информации за тежината на повредите. Исто така, засега не се објавува ниту идентитетот на настраданите.

Полицијата е пов потрага на тројца црни мажи, сите облечени во црни дуксери со качулки, кои според очевидци побегнале од местото на инцидентот во темносино возило, пренесе телевизијата NBC News.