Мел Гибсон криел дека бил позитивен на Ковид-19!

Актерот Мел Гибсон во април оваа година бил хоспитализиран поради здравствени компликации предизвикани од коронавирус, пишува „People“.

„Беше хоспитализиран седум дена, од моментот на добивање на позитивниот тест. Во болницата примаше Ремдесивир, а по закрепнувањето неколку пати беше тестиран и конечно е излекуван“, изјавил за „People“ извор близок на познатиот актер.

Гибсон оваа информација долго време ја држел во тајност и се претпоставува дека се тестирал неколку недели по контакт со актерот Том Хенкс кој отворено зборуваше за својата борба со Ковид-19 и одреден период „заглави“ во Австралија поради истиот.