Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев ќе остане запаметена по случајот „Рекет“. Повеќе од јасно е дека милионската сума од целиот овој случај завршила кај Зоран и Вице Заеви, велат од опозициската партија.
-Но, не само Заеви во овој случај вмешаност и Александар Кирацовски, Мила Царовска и уште многу други функционери на СДСМ. Ова беше потврдено и од страна на Боки 13 кој е само извршител во овој случај. Царовска била дел од шемата за перење на парите преку Меѓународен сојуз која како министерска за труд и социјална политика му помагала на Бојан Јовановски. Кирацовски пак посредувал со бизнисмен којшто понатаму е рекетиран. За сето ова функционерите на СДСМ не ги негираа ваквите искази и тоа потврдува дека целата операција била овозможена и спроведена од нив, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Како што велат од опозицијата, Македонија со Заев и СДСМ само тоне.Криминалот, корупцијата и рекетот мора да станат минато, а одговорност мора да има.Граѓаните заслужуваат подобро.