Професорката по хирургија во Њујорк, докторката Сара Кејт објасни колку е важно покрај носењето маски да се држиме настрана од затворените простории и поголем број луѓе на едно место.
„Најголем ризик од инфекција се затворените простори каде што има метеж“, вели Кејт.
Професорката Кејт направи топ листа со 12 места, за кои вели дека се особено опасни и кои, ако таа и нејзините колеги се прашуваат, ако не мораат никогаш не би оделе оваа година.
Топ 12 места кои, според Кејт, треба да се избегнуваат се:
1. Јавен тоалет; 2. Банка; 3. Мали ресторани; 4. Кафулиња; 5. Цркви (и џамии); 6. Спортски сали; 7. Базени; 8. СПА центри; 9. Трговски центри; 10. Концерти; 11. Кина; 12. Забавни паркови.