Претседателката на Централната изброна комисија на Белорусија, Лидија Ермошина потврди во петокот вечерта дека кандидата на минатата недела одржаните претседателски избори Светлана Тихановска(ја) во нејзиниот кабинет го снимила обраќањето до приврзаниците откако се сретнала со двајца високи функционери на безбедносните служби.
„Тоа е мојот тросед. Таа ги снимаше своето обраќање (во мојот кабинет) без мене“, изјави Ермошина во интервјуто за белоруската редакција на весникот Комсомольская Правда.
Ермошина додава дека Тихановска ја поднела жалбата во изборната комисија во присуство на новинари.
„Ја поканивме во мојата канцеларија, зашто со неа сакаа да се сретнат, да кажеме, двајца високопозициопнирани службеници на безбедносните органи. Јас ги запознав, таа останана со нив во придружба на нејзиниот адвокат. И јас излегов“, истакнува Ермошина.
Во вторникот Тихановска снимила видео обраќање во кое ги замолува своите приврзаници да не излегуваат на плоштадите во белоруските градови, да покажат разимност и да се придржуваат на законите. Уште истиот ден беше објавено дека таа заминала во Литванија. Потоа, таа зијави дека одлуката да замине ја донела самостојно,
Според Олга Ковалкова, која е ополномоштена од Тихановска, кандидатката која на изборите му се спротистави на повеќедеценискиот претедател Александр Лукашенко немала поинаков избор, освен да ја напушти земјата. Неколку соработници на Тихановска сметаат дека врз неа би можело да биде извршени влијание „преку нејзниот сопруг“ кој во моментов сѐ уште е во затвор.
Ноќта кон понеделникот во повеќе Белоруски градови избувнаа протести во врска со претседателските избори, на коишто според официјалнот соопштение на изборната комисија Лукашенко и реизбран за шестиот мандат со нешто над 80 отсто од гласовите, додека Тихановска освоила 10,12 отсто од гласовите. Протестите траат веќе шести ден,
Демонстрантите се потиснуваат од припадниците на специјалните полициски единици кои користат водени топови, гумени куршуми, солзавец и светлечки и звучни шок-гранати. Според официјалните податоци, повеќе од 6.000 луѓе се приведени во текот на протестите до петокот.
Белоруското министерство за надворешни работи соопшти дека во текот на протестите повредени се повеќе стотици лица, од кои 121 полицаец. Еден демонстрант, според истиот извори, загинал при обид да фрли кон полицајцијте импровизирана експлозивна направа.