Фудбалерите на Работнички ја забележаа првата победа во новото првенство од Првата македонска лига, по минатонеделниот пораз на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров,
„Романтичарите“ попладнево на „Тодор Проески“ во Скопје, ја совладаа Беласица со 2:0. Двоен стрелец за домашниот тим беше Фахрудин Ѓурѓевиќ, во 38 и 50 минута.
Двојките од 2. коло за утре се:
Академија Пандев – Вардар
Борец – Ренова
Шкендија – Струга Трим и Лум
Шкупи – Македонија Ѓ.П.