![formula](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/08/formula.jpeg?resize=696%2C436&ssl=1)
Сите 10 екипи во Формула 1 го потпишаа Договорот за согласност, пренесува прес-службата на тркачката серија.
Така, сите екипи кои учествуваат во „Кралските трки“ сега се обврзаа да продолжат да се натпреваруваат до 2025 година.
Ферари, Вилијамс и Мекларен беа првите што го објавија потпишувањето на договорот, а денес се решија формалностите со останатите седум екипи во Формула 1.