Изминатото деноноќие 501 прекршок за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата регистрирани се 501 прекршок на мерката за носење лична заштита на лице, соопшти МВР.

Од Министерството за внатрешни работи повторно апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.