Човештвото ќе ги потроши расположивите резерви на Земјата за 2020-та веќе на 22-ри август

Човештвото ги потрошило сите распоположливи обновени природни резерви на Земјата за оваа 2020 година до саботата 22-ри август, според научниците коишто истакнуваат дека овој мрачен праг оваа години е достигнат малку подоцна отколку претходните години, поради тоа што пандемијата на коронавирусот го забавила неконтролираното трошење на природните ресурси.

Таканаречениот Ден на пречекорувањето на Земјата го означува денот кога човештвото ги „потрошило“ сите биолошки резерви кои планетата е способна да ги обнови од година в година. Тој ден се случува од 1970-те години сѐ порано и порано, според мрежата Global Footprint Network.

Мрежата пресметала дека оваа точка оваа 2020 година е достигната на 22-ри август во споредба со минатата 2019 година кога била достигната на 29-ти јули, што означува редок случај на пресвртување на трендот откако пандемијата го запре животот и предизвика привремено намалување на емисиите на гасовите кои го предизвикуваат ефектот на стаклената градина и сечите на шумите.

Тоа претставува намалување од 9,3 отсто од човековото влијание во однос на една година претходно, порачуваат од Global Footprint Network. Сепак, тоа не е нешто што треба да се слави, изјави во четвртокот челникот на оваа мрежа Матис Вакернагел. „Тоа не е последица на свесна одлука, туку на катастрофа“, додаде.

Научниците го пресметуваат денот на кој човештвото ги потрошува сите природни резерви кои Земјата успева да ги обнови од година в година проучувајќи ја потрошувачката на луѓето и потребите од храна, енергија, простор за домаќинствата и патиштата, како и капацитетите на планетата за апсорпција на глобалните емисии на ткн стакленички гасови, додава Вакернагел пренесува AFP.

Споредувајќи со вистински расположливите обновливите природни ресурси на Земјата, спомената мрежа пресметала дека човештвото троши 60 отсто повеќе од она што може да се обнови, односно на луѓето им е потребно 1,6 од планетата. „Тоа е како со парите, можеме да трошиме повеќе отколку што сме заработиле, но не засекогаш“, предупредува Вакернагел.

Според објавената студија, пандемијата предизвикала 14,5-процентно намалување на емисиите на јаглерод диоксид во споредба со една година претходно, а сечите на шумите паднале за 8,4 отсто поради очекуваниот пад на побарувачката.

Научниците истакнуваат дека пандемијата предизвикала големи нарушувања во глобалниот систем на земјоделството и на пазарите, но заклучуваат дека вкупниот ефект на намалувањето на соодносот на влијанието на човештвото врз планетата е мал. Во студијата на Global Footprint Network се наведува дека кусорочно поради напорите во контролата на пандемијата можни се промени во потрошувачките навики и се повикува да се искористи оваа можност без преседан да се размисли за тоа „каква иднина сакаме“.

Првиот човек на WWF International, Марко Ламбертини, вели дека пандемијата најтешко ги погодила најранливите и го вратила на фокусот на „нашиот неодржлив и, искрено, разорниот однос со природата во кој многу нешта пропаѓаат“. Повикува да се размисли за тоа дека економскиот развој не мора да биде проследен со унишувањето на природната средина.

„Можеме да се развиваме, но не на штетата на нашата планета поради тоа што знаеме дека планетата во криза значи и општество во криза и економија во криза“, додава Ламбертини.

Претходно месецов меѓународен тим научници пресметал дека глобалната емисија на госаови од согорувањето на јагленот, нафтата и гасот би можела да падне до 8 отсто во 2020 година поради мерките преземени во бробата против коронавирусот.