Талат Џафери повторно избран за претседател на Собранието

Талат Џафери
Талат Џафери

Со 62 гласа „за“, 43 гласа „против“ и без воздржани, пратеникот Талат Џафери е повторно избран за претседател на Собранието.

Веднаш по гласањето, додека пратениците од коалицијата ДУИ-СДСМ гласно ракоплескаа, нивните колеги од опозицијата како договорени ја напуштија просторијата.

– Почитувани колеги, дозволете ми да ви се заблагодарам за поддршката и за вашето гласање за мене како нов претседател на Собранието. Им благодарам и на пратениците од опозицијата кои имаа конструктивна дебата, како и на оние кои не останаа во просторијата. Ќе бидам во функција како што е пропишано според Уставот и Деловникот. Сакам да ве известам дека во меѓувреме, додека траеше расправата, 11 пратеници поднесоа предлог за избор на претседател, заменик-претседател и членови и заменици на членови на Комисијата за избори и именување. Ве замолувам за уште малку трпение и да се вратиме на третата точка од дневниот ред – рече Џафери.