Првиот заменик на американскиот државен секретар, Стивен Биган, ги слушна сериозните предупредувања од Русија на обидите од странство да се предизвика насилство во Белорусија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за рускиот Канал еден по средбата со американскиот дипломат и оцени дека е јасно оти белоруската опозиција е водена од странство.
„Нашиот апел е дека овие земји, во прв ред САД и челниците на ЕУ, треба да обрнат внимание на оние кругови, коишто, како на пример во Полска, Литванија…, на секој можен начин изразуваат незадоволство од фактот дека ситуацијата во Белорусија се нормализира и се обидуваат да предизвикаат насилства кои ќе испровоцираат реакција на безбедносните сили. Сметаме дека тоа е крајно опасно, и можам да кажам дека г-дин Стивен Биган, според мое мислење, го слушна нашите многу сериозни предупредувања“, изјави Лавров.
Како што истакна Лавров, не постојат објективни причини за потпалување на антируски чувства во Белорусија, но сепак во Москва гледаат дека постојат такви сили кои сакаат да предизвикаат нови насилства во земјата, откако по првичните протести со стотици повредени и најмалку три жртви по претседателските избори од 9-ти август ситуацијата се смири и последната седмица масовните протести на опозицијата против претседателот Александр Лукашенки минаа мирно.
Лавров на средбата со Биган истакнал дека во низа земји американски сојузници во регионот постои извесно разочарување и незадоволство од стабилизирањето на ситуацијата во Белорусија.
Додаде дека во текот на разговорот ги повикал западните земји да ги зајакнат и поддржат „позитивните тендецнии манифестирани во Минск последната седмица, кога протестите навистина се одржуваа мирно, немаше провокации кон безбедносните сили за примена на присилни средства и активности“.
Шефот на руската дипломатија соопшти и дека американскиот дипломат на нивната средба во Москва денеска го информирал за конатки со поранешната противкандидатка на претседателските избори во Белорисија, Светлана Тихановска, која освои 10 отсто од гласовите а потоа замина во егзил во Литванија.
„Тој (Биган) рече дека средбата била корисна и оти САД гледаат можност Координативниот совет (на опозицијата) кој го води Тихановска да влезе во дијалот со белоруските власти. На тоа рековме дека сметаме оти е важно на самите Белоруси да им се даде можноста да решат кои ќе бидат учесниците во националниот дијалог“, рече Лавров.
Притоа шефот на руската дипломатија на соговорникот му потенцирал дека во Белорусија, па дури и во самите опозициски кругови, постојат дилеми за легитимноста на формирањето на Координативниот совет на опозицијата.
„Многу од неговите членови отпосле дознале дека биле вклучени во советот. Никој не ги консултурал. Веќе има и примери личности кои биле вклучени во советот, да го напуштат. Навистина би сакале да разбереме кои се политичките критериуми на кои овој Координативен совет сака да функционира“, истакна Лавров.
Притоа посочи дека има многу контрадикторни информации за политичката програма на опозицискиот совет.
„На веб-страницата на Тихановска се појавија многу притивречни цели, кои ги проследува. Потоа тие исчезнаа од сајтот. Па и составот на лицата кои се назначени во тој совет покренуваат прашања како тие гледаат врска со Русија“, појасни Лавров.
Позицијата на САД
Лавров изјави и дека на средбата со првиот заменик на државниот секретар на САД му било потврдено дека Вашингтон нема интерес од предизвикување вештачка криза во Белорусија.
„Се разбира, зборувавме за Белорусија. Слушнавме потврда на ставот дека САД не се заинтересирани да предизвикаат вештачка криза околу ситуацијата којашто се развива во Белорусија“, додаде шефот на руската дипломатија.
Според него, американската страна изразила интерес сите надворешни фактори да го олеснат воспоставувањето на дијалогот меѓу властите и опозицијата на Белорусија.
„Одговоривме дека го поддржуваме ваквиот пристап. Но не сметаме дека е можно да се обидеме однадвор да им наметнеме посредници на белоруското водство и на белорускиот народ, било да е тоа ОБСЕ или ЕУ. Белорусите се мудар народ и тие самите ќе можат да ја утврдат формата во која може да биде организиран националниот дијалог и да помогне да се надминат сега појавените тешкотии“, истакна Лавров.
На Биган му ја посочил иницијативата на белорускиот претседател Лукашенко за спроведување на уставните реформи.
„Сметам дека раката е подадени кон сите оние кои се заинтересирани за стабилна, обединета Белорусија. Тоа, се разбира, треба да го прифатат опозицијата и нашите западни партнери кои сега ја водат оваа опозиција“, заклучи Лавров.