Грција бележи нов рекорд на новозаразени со Covid-19 во еден ден

Нови 293 случаи на зараза со новиот коронавирус се регистрирани во Грција во изминатите 24 часа, што претставува нов негативен рекорд, односно највисок број заразени од почетокот на епидемијата во земајата

Висок е бројот и на смртните случаи, во изминатото деноноќие починаа пет лица.

Од новите 293 случаи, 22 се по направените тестови на влезните точки во земјата, а според грчките медиуми, најголемиот број од новозаразените, 103 случаи се во областа Атика, односно поширокиот регион на Атина.

Во Солун има 54 позитивни, додека, пак, другите се во 29 различни делови на Грција.

Од почетокот на епидемијата, во Грција се регистрирани вкупно 9.280 случаи, а починаа 248 лица.