1.8 C
Skopje
среда, декември 25, 2024

(ВИДЕО) Белоруската полиција уапси дваесет новинари

Белоруската полиција уапси дваесет новинари кои вечерва се подготвувале да ги следат протестите во центарот на Минск, конфискувајќи им ги нивните телефони и документи, пренесува сведок на Ројтерс.

https://www.youtube.com/watch?v=HaPieMxTBow&feature=emb_logo

Големи и упорни протести низ Белорусија се одржуваат од претседателските избори на 9 август, за кои критичарите на претседателот Александар Лукашенко, кој е на власт цели 26 години, велат дека биле лажирани.

Според официјалните податоци, Лукашенко освои 80 проценти од гласовите, додека неговата главна ривалка Светлана Тихановскаја, која влезе во трката откако нејзиниот сопруг беше уапсен, освои 10%.

Иако бројот на демонстранти на улиците на Белорусија не се намалува, Лукашенко испраќа заканувачки изјави и се појавува во јавноста со воена опрема, придружен со зголемена репресија на незадоволните граѓани. Безбедносните сили уапсија или претепаа илјадници демонстранти.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека формирал резервни полициски сили кои би можеле да дојдат на помош на Лукашенко, ако немирите во земјата излезат од контрола, јави руската новинска агенција Интерфакс. Засега Путин не ја гледа потребата од тоа и верува дека ситуацијата се враќа во нормала.