Бред Пит повторно во врска, a новата девојка како копија на Анџелина Џоли

Бред Пит(56) има нова девојка – познатиот актер излегува со германската манекенка Никол Потуралски(27).

Парот е виден на аеродром во Франција. Извор близок до нив потврди дека Бред и Никол се во врска и дека заедно уживаат на летниот одмор.

По пристигнувањето на аеродромот, Пит се криеше од новинарите носејќи очила за сонце и капче. Сите странски медиуми пишуваат дека новата девојка на 56-годишниот актер е копија на Анџелина Џоли.


Пит е татко на шест деца, а Потуралски има едно дете. Странските медиуми наведуваат дека парот е во врска веќе неколку месеци.

https://www.instagram.com/p/CD0XeN0omjM/?utm_source=ig_embed

Пит се впушти во нова љубовна врска и покрај сите проблеми кои ги има со поранешната сопруга Анџелина Џоли од која се разведе во април 2019 година. Тој сè уште се бори за старателство врз децата.