Зоран Заев е директно одговорен за доцнењето на плата во штипска „Баргала“ за што самиот рече дека ќе има брзо решение на проблемот, наведуваат во соопштение од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.
„Човекот кој не може да исплати плата на уметниците и министерството за култура нема право да се фали онаму каде нема простор за тоа. Заев не решава проблеми, тој е дел од проблемот. „Баргала“ Заев ја реши исто како и Еврокомпизит и Колска кои се најголемите загубари. Пред четири години овие две фабрики му беа неговото ветување- стои во соопштението. Заев е директно виновен за осиромашувањето на македонскиот народ“, потенцираат од опозицската партија.