Порно ѕвездата Рон Џереми во понеделникот беше обвинет за 20 дополнителни случаи на силување и сексуални напади, меѓу другите и на 15-годишно девојче, јавува окружното обвинителство на Лос Анџелес.
67-годишниот Џереми е едно од најголемите имиња на филмската индустрија за возрасни, а во јуни беше обвинет за силување на три жени и сексуално злоставување на четврта жена во случаи од 2014 година. Со новите обвиненија бројот на неговите наводни жртви го доаѓа до 17, на возраст од 15 до 54 години во периодот од 16 години, наведува државното обвинителство.
Џереми во понеделникот во Лос Анџелес се изјаснил дека не е виновен. Ги отфрлил претходните обвиненија, а на Твитер напиша:
„Едвај чекам на судот да ја докажам својата невиност! Ви благодарам на сите на поддршката!
Сексуалното злоставување на 15-годишното девојче за кое се товари, наводно се случило на забава северно од Лос Анџелес во 2004 година. Како што се наведува во соопштението, многу други инциденти наводно се случиле во бар во западен Холивуд.
Ако биде прогласен за виновен, Џереми се соочува со можна затворска казна од повеќе од 250 години, пренесува Ројтерс.
Почнувајќи од 1970-те години, Џереми се појавил во повеќе од 2000 филмови за возрасни.