Премиерот Зоран Заев соопшти денес дека заедно со правните служби, ги разгледувале модалитетите за решавање на многу прашања, но најмногу за тој што пркоси најмногу, дивоградбата во Мавровка, практично во центарот на Скопје за кој, според него, со право реагирале граѓаните.
-Денеска ќе донесеме конкретни одлуки. Не би сакал да ги кажам однапред зошто за тоа е надлежна Владата, а не само премиерот. Правните постапки како треба да пристапи Владата во испорачување на помош на локалната самоуправа се определени. Општина Чаир, има записник и решение, но нема фирма извршител која ќе го спроведе решението за уривање на објектот кој не е во согласност со законската документација. Штом ќе ја донесеме одлуката ќе ја објавиме и верувам дека активностите на терен ќе почнат многу бргу за да се справиме со тоа незаконско дејание што ни се случува дрско пред очите на целата јавност, соопшти премиерот Заев.