Останува во сила мерката за ослободување од работа на родители на деца до 10 годишна возраст

Владината мерка со која еден родител на деца на возраст до 10 години се ослободува од работа не се укинува, рече на денешната прес конференција министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Министерката потсети дека предност за одење во градинка ќе имаат деца на самохран родител и родители кои нема да може да работат од дома.

– Родителите кои што ја користат мерката за чување на деца од 0 до 10 години продолжуваат и понатаму да ја користат оваа мерка. Оваа мерка не ја укинуваме, продолжува и понатаму да биде во сила – рече Шахпаска.