Лига на нациите: Гостински победи на Русите и Финците

Во натпреварите од второт коло од Лигата на нациите, Русија ја забележа втората победа, овојпат над Унгарија со 3:2, додека Финска со 1:0 ја изненади Ирска во Дабилин.

По домашната победа над Србија (3:1), Русите освоија три бода и на гостувањето на „Пушкаш Арена“ во Бидумпешта. „Зборнаја“ веќе во 46 минута водеше со 3:0, а обидот на Унгарците да се вратат во игра доведе до два погодока.

Стрелци за Русија беа Миранчук во 15, Оздоев во 32 и Фернандез во 46 минута, додека Унгарија намали преку Салаи во 62 и Николич во 70 минута.

Во третата група од Лигата Б вечерва играат уште Србија и Турција.

Во истата Лига Д Велс со погодокот на Најс Вилијамс во последните секунди во четвртата минута од судиското продолжение ја совлада Бугарија.

До минимален триумф дојде и Финска на гостувањето кај Ирска, а стрелец беше Јенен во 64 минута.

Во оваа група води Велс со 6, Финска има 3, а Ирска и Бугарија по еден бод.

Во послаборангираната група од истата квалификациска група Фарските Острови со голот на Олсен во 31 минута славеа кај Андора, а вечерва игаат Малта и Латвија.

Во Лигата Ц до првата победа дојде Словенија која во Љубљана со погодокот на Бохар во 28 минута беше подобра од Молдавија. Во оваа група следи и натпреварот меѓу Косово и Грција.