Шеснаесетгодишна кавадарчанка е нова позитивна на Ковид-19

Шеснаесетгодишна кавадарчанка е најновиот случај на лице позитивно на Ковид-19 во Центарот за јавно здравје во Кавадарци во изминатите 24 часа.

Како што изјави за МИА доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог, девојката не знаела како се заразила со вирусот.

Таа е со лесна клиничка слика и е на домашно лекување.

Се работи на утврдување на лицата со кои контактирала, со цел нивна изолација.