Сончево со слаб ветер од североисток

Во главниот град Скопје температурата ќе достигне до 32 степена, додека минималната до 15.

Најтопло ќе биде во Гевгелија каде живата на термометарот ќе се искачи до 35 степени.

До викендот ќе се задржи претежно сончево и топло време, а од понеделник ќе има извесно зголемување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.