Ве молам помогнете ми некако, многу сум ислашена и вака веќе не можам да живеам, моли хероината на „Медена земја“, Атиџе Муратова, преку порталот ММС.мк, која со години има проблеми со соседот.
– Досега ми направил многу штета, но сега решив јавно да проговорам бидејќи ми е страв од него. Колку е постар толку е поневозможно да се комуницира со него. Ми го бутна ѕидот каде што ја чувам кравата, за да ми избега. Го прашав зошто го правиш ова. А тој скокна кон мене да ми вика, јас многу се исплашив. Еден ден ќе ме убие и никому ништо – вели Атиџе која додава дека се јавила и во полицијата во Свети Николе.
Таа вели дека го пријавувала соседот во полиција досега многу пати, но дека полицијата доаѓала и само го опоменувала.
– Не се живее веќе вака во страв. Апелирам да ми се помогне. Од ден на ден е сѐ полош и полош – вели за ММС.мк, Атиџе низ солзи.