Поранешниот претседател на Бугарија Росен Плевнелиев смета дека Бугарија нема да ја блокира првата меѓувладина конференција на нашата земја со ЕУ, како што пред неколку дена најави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, доколку не се решат историските прашања во Мешовитата експертска комисија.
„Некои политичари можат да кажат како мислат, но тоа не е вистината“, вели Плевнелиев за ТВ 24.
„Јас мислам дека тоа нема да се случи. Бугарија секогаш ја поддржувала РСМ на нејзиниот мирен, демократски и европски проспротет. Агендата на Софија, кога Бугарија беше претседавач со Унијата, го отвори патот на земјите од Западен Балкан кон ЕУ. Бугарија прва ја призна Македонија. Ние сме братски народ. Некои политичари ќе можат да зборат како ќе решат, но вистината е дека Бугарија е голем адвокат на соседите. Ние сакаме просперитет, а тоа е возможно само со влез во ЕУ“,
Сепак, тој додава дека прашањето околу несогласувањата за Гоце Делчев мора да се реши.