Лозарите изневерени и разочарани од неисполентите ветувања

Лозарите се видно разочарани од овогодинешните цени на грозјето кои според нив се потценувачки и без никаква економска оправданост за нивната работа. Голем дел од велат дека ваква цена на грозјето никогаш не била полоша и дека лозарот е од година во година се помаргинализиран и омаловажен заради потценување на неговиот макотрпен труд.

Дополнително лозарите велат дека ова не е е проблем сега пораи ковид-пандемијата како што некои винарии се вадат за смешните откупни цени туку дека лозарите секоја година мака мачат за цената на грозјето и за неговиот пласман. Тие сметат дека винарите одат и дотаму да не го платат и да не го откупат грозјето како изговор смислуваат критериуми и манипулираат со шеќерни единици и барања на информации за реонот од каде е грозјето додека за блиски луѓе до винариите и до луѓето кои се на откупот се прогледува низ прсти.

Лозарите сметаат дека винариите од година за година се повеќе ја намалуваат цената на грозјето и креираат олигопол со разни изговори и дека на крајот сепак цехот го плаќа народот преку зголемени субвенции кои се финансираат од буџетот и од даноците кои ги плаќаат граѓаните а винарниците го земаат грозјето за без пари и дополнително профитираат на грбот на граѓаните.

Според нивни калкулации од овогодинашните откупни цени од 7 до 9 денари по килограм грозје за сортата вранец и од 4 до 6,5 денари по килограм за сортата смедеревка кои ги објави росоманската винарија „Мовино се очајни и недоволни за лозарите да си ги покријат трошоците за производство додека заработувачка нема никаква. Имено лозарите се гневни заради фактот дека овогодинешниот род пак винариите ќе им го земат без пари додека субвенциите од 4 денари за килограм грозје кои ги ветува премиерот Заев се сепак под знак прашалник.

Во тешка состојба се и тутунарите и сливарите кои исто мака мачат да го продадат родот додека исто така цената е мизерна. Инаку, владата пред да дојде на власт ветуваше сигурен пласман на земјоделските производи и пристојна откупна цена . ветуваше соработка со другите држави заради спречување на манипулација и растурање на олигополот кои го прават винариите со цената на грозјето и другите земјоделски производи но ништо од ова не се исполни. Некои од земјоделците сметаат дека владата намерно води лоша политика во земјоделието за да го уништи ситниот земјоделец со план да се крупни земјоделието и слободната земја да им ја даде на свои блиски луѓе.

Лозарите поради својот револт се заканија дека грозјето ќе му го истурат пред куќата каде што живее сегашниот премиер Зоран Заев во Струмица. Според земјоделците во државата СДСМ потфрли со земјоделските политики и дека земјоделецот со оваа влада никогаш не бил поочаен и посиромашен.