Трет голем пожар во центарот на Бејрут, жителите во паника

Пожар избувнал во вторникот во сѐ уште не довршен трговски центар во Бејрут, само неколку метри подалеку од местото на разорната експлозија од 4-ти август во бејрутското пристаниште која уништи голем дел од либанската престолнина.

Жителите на центарот на Бејрут изјавиле дека густиот чад предизвикал паника, бидејќи ова е втор пожар за неполна седмица во Бејрут.

Пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот во објектот кој го дизајнирала славната архитктка Заха Хадид. Причината за избувнувањето на пожарот сѐ уште не е позната.

Минатиот четврток избувна пожар во складиште во бејрутското пристанише, што исто така предизвика паника меѓу жителите, кои сѐ уште се под влијание на катастрофичните призори од разорната експлозија на 2.700 тони амониумов нитрат, кој бил складиран со години во несоодветни услови, исто така во пристаништето.

Во таа експлозија загинаа над 190 луѓе, повеќе од 6.000 лица беа повредени, а околу 300.000 жители на Бејрут останаа без своите домови.