![makedonija vino](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/09/makedonija-vino.jpg?resize=696%2C481&ssl=1)
Во октомври треба да има средба на коморите од Македонија и Грција, а експертска група ќе работи на проблемот околу имињата на брендовите на продоизводите.
Како што најави премиерот Зоран Заев, именувањето на брендовите, како и избегнувањето на двојното оданочување, заштита на инвестициите и Договорот од Преспа ќе бидат тема на разговор на средбата со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.
-По нашите избори, треба да продолжиме да разговараме за да најдеме начин како да ги решиме бренд имињата на продуктите. Во октомври, коморите од Грција, од Солун и Атина ќе бидат во Скопје за да разменат идеи, а потоа експертската група ќе продолжи да бара решение на оваа проблематика – порача Заев.
На панел дискусијата посветена на Западен Балкан во рамките на конференцијата на „Економист“, Заев се осврна и на економската ситуација во земјава и на трговските односи со Грција.
Притоа Заев изјави дека граѓаните и бизнисмените ја следат позитивната клима и изрази надеж дека по кризата со корона вирусот ќе продолжи да се зголемува трговската размена меѓу двете земји.