
Се уште сме далеку од тоа да одлучиме која вакцина ќе се користи кај нас со оглед на тоа што, според нашите сознанија, ниту една не е во фаза во која целосно се завршени клиничките студии, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
На прес-конференцијата во Владата, одговарајќи на новинарско прашање, Филипче рече дека се следи развојот на сите вакцини.
– Имавме комуникација со рускиот амбасадор на кој му упативме дополнителни прашања за кои немавме увид. Одговори се уште не сме добиле. Во меѓувреме, го следиме и развојот на вакцините на близу 10 компании кои се во најнаредните фази на клиничко истражување, рече Филипче