0.8 C
Skopje
петок, декември 27, 2024

(ВИДЕО) Власта ги апси политичките неистомисленици

Филмско апсење на политички неистомисленици се случи во моментов во Куманово, откако среде бел ден на улица неколку полицајци уапсија лице без никаква причина, дознава Вечер.мк

Според информациите до кои дојде Вечер.мк лицето е приведено под сомнение за дрога, но кај него не било пронајдено ништо сомнително, а особено не дрога.

Вечер.мк дознава дека единствената причина поради која се случува ваквото спектакуларно апсење среде Куманово е поради тоа што лицето не е член или активист на власта.

Сепак и покрај тоа што кај него не било пронајдено ништо, со повеќе од 5 полицајци лицето е уапсено како најголем криминалец.